Македонија Најважни

Пендаровски со подарок дрес од македонската репрезентација за Папата Франциск

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Северна Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.

Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.

По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во јуни отстранети 6.165 кубни метри отпад од диви депонии

Tea Dimkovska

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз

Tea Dimkovska

Левица: Баравме една изборна единица и укинување на парите за политичко рекламирање, ДПМНЕ го одби тоа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе