Македонија

Обвинение за гинекологот од Струга кој даваше здравствени услуги без дозвола за работа

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој сторил кривично дело „Давање здравствени услуги без дозвола за работа“ од член 304 од Законот за здравствена заштита.

Како здравствен работник  – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа. Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1000,00 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација лекарот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка

Tea Dimkovska

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во јуни отстранети 6.165 кубни метри отпад од диви депонии

Tea Dimkovska

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе