Вести Македонија Најважни

Условот на Вархеји очекуван, преговорите со ЕУ мора да почнат бидејќи Македонија го исполни својот дел

Решавање на билатералниот спор со Бугарија за старт на преговорите. Ова е условот кој вчера ни го соопшти еврокомесарот Оливер Вархеји со што сите дилеми исчезнаа. За експертската јавност очекувано, за власта има простор за решени, опозицијата …

Станува збор за долгорочен процес, Македонија треба да продолжи да работи на своето досие и не треба да има негативни чувства доколку Албанија ги стартува преговорите во јуни.

Се поизвесно е дека јунските самити на ЕУ кои се гледаат како можност за старт на преговорите нема да бидат опција за Македонија и за евентуалното одржување на првата меѓувладина седница. Денеска бугарскиот претседател Румен Радев ги закажа парламнтарните избори за 11 јули, а наредната недела се оечкува да го соопшти името на мандатарот на преодната Влада.

За премиерот Заев можност за договор со и очекува преговорите да продолжат и со преодната Влада која според него ќе ја сочинуваат истакнаците политичари и личности во Бугарија.
Тој потенцираше дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и токму затоа Комисијата треба да ги утврди сите факти и личности за заедничко чествување. Сепак за премиерот нема дилема дека македонскиот јазик и нација се црвената линија и доколку тоа е условот за влез во Унијата, Македонија ќе се откаже од членството.

Кацараска пак смета дека можноста за евентуално надминување на спорот пред одржување на парламентарните избори и формирање на Влада е мала бидејќи преодна влада никогаш не носи големи одлуки а тука е и јасниот став на претседателот радев, бугарската Академија и декларацијата на Собранието.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ  смета дека Македонија направила доволно отстапки и пристапните преговори треба да почнат во јуни а преговорите со Бугарија да продолжат кога ќе има легитимна Влада. Вината за моменталната состојба ја лоцираат кај премиерот Заев и неговиот тим.

Порака со силна поддршка вчера испрати и американскиот Стејт Департмнет а ставот на САД е недвосмислен иднината на државите од Западен Балкан е во ЕУ а билатерален спор мора да се решава надвор од преговарачката рамка.

За разлика од еврокомесарот Вархеји, Германија и Австрија отворено застанаа зад Македонија и нагласија дека се против едностран старт на преговорите и дека Македонија и Албанија мора да останат во пакет. Шефот на греманската дипломатија Хајко Мас нагласи дека Македонија го исполнила својот дел од задачите додека австриската министерка за Европа Едштадлер соопшти дека билатерален спор не смее да биде пречка за старт на преговорите. И Герамнија и Австрија се понудија, доколку е потребно да посредуѕваат во решавањето на спорто со Бугарија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

(видео)Новаковски за електронско гласање: Државата не е подготвена, една Германија ги фрли машините

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе