Вести Македонија Топ вести

Волонтери од охридски Црвен Крст грубо избркани од пунктот за вакцинација

На волонтерите на  охридскиот Црвен крст утрово на почетокот на масовната имунизација  не им бил дозволен пристап до вакциналниот пункт во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, иако биле повикани од директорот на Здравствениот дом. Тие морале да го напуштат пунктот, по што со соопштение органзиацијата информираше дека нивините волентери биле грубо избркани од Сашо Денесовски, кој се претставува како координатор на масовната  имунизација во Охрид. Денесовски во изјава за Телма вели дека волонтерите не биле избркани, туку им било кажано дека 14- годишно дете не може  да волонтира на вакциналниот пункт и тврди дека екипите на Црвен крст воопшто не се појавиле на спроведените обуки. Од охридскиот Црвениот крст пат тврдат дека утрово на вакционалниот пункт испратиле полнолетни и искусни волонтери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

(видео)Новаковски за електронско гласање: Државата не е подготвена, една Германија ги фрли машините

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе