110 илјади вакцини од производителот „Фајзер“ ќе и бидат испорачани на Македонија во текот на овој месец, најави германиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Станува збор за најавената помош од Европската Унија за Западен Балкан а во шестте држави заклучно со август преку Австрија ќе бидат испорачани вкупно 651 илјада дози на „Фајзер“.
Најмногу вакцини ќе добие Босна и Херцеговина – 214 илјади а најмалку Србија – 36 илјади.
Вредноста на вакцините е 11 милиони евра, кои ќе бидат покриени од европските фондови за помош на земјите-кандидатки за членство во ЕУ.
