Македонија Топ вести

Антикорупциска отворила предмет за имотнатата состојба на Павлина Црвенковска

Антикорупциската комисија отворила предмет за имотнатата состојба на новоизбраната претседателка на Судски совет Павлина Црвенковска. „Предметот е отворен по допрен глас и по соопштението на Здружението на штедачи на пропадната Еуростандард банка“, вели за Телма претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Оштетените штедачи на пропадната Еуростандард банка обвинуваат дека фирмата Екопласт рисајклинг во сопственост на сопругот на Црвенковска, Зоран Црвенковски повеќе од две години не враќала рати од кредит на фирмата во висина од 1,6 милиони евра, но и дека нејзината ќерката била во кредитниот оддел на Еуростандард.

Црвенковска ги негира обвинувањата и тврди дека фирмата зела кредит во 2014-та, но поради криза 4 години подоцна морала да ги отпушти 50-те вработени и да бара стратетшки партнер во што не успеала до затворањето на Еуростандард, а нејзината ќерка работела во кредитниот оддел дури по забраната за давање на кредити. Фирмата која се споменува не е пријавена во анкетниот лист на Црвенковска, а според антикорупцинерите треба да биде запишан и имотот на брачниот другар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе