Вести Македонија

Тетовци во време на пандемија немаат вода за пиење

Во време на пандемија, кога им е најпотребна, тетовци, повторно се соочуваат со недостиг на водата за пиење. Речиси две седмици, во два наврати во текот на денот има неколку часовни рестрикции. Граѓаните мора да полнат резерви, но истовремено и да внимаваат да не им се расипат ектричните уреди, како машините за перење облека и садови, особено поради фактот дека прекините настануваат во време кога има евтина струја. Бидејќи ваквата состојба воопшто не е нова за нив, тие се револтирани и прашуваат како градот под Шара нема вода?

Овој пат не се работи за дефекти, туку едноставно нема доволни количини вода во изворите, велат од Јавното комунално претпријатие. Кога ќе се нормализира водоснабдувањето завиди од временските прилики.

Иако активисти од невладините организации во повеќе наврати реагираа дека малите хидроцентрали се причина за проблемите во водоснабдувањето, премиерот Зоран Заев при неодамнешната посета на тетовскиот регион уверуваше дека тие не се причина.

Проблемот со водоснабдувањето во Тетово е децениски. Пред извесен период поради лизгање на земјиштето се случија  поголеми дефекти во мрежата во Лешница, кои ги оставија граѓаните без вода за пиење со денови.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе