Вести Македонија Најважни

Отпорот да стави потпис на 35-те рамковни вработени, Пауновски ќе го чини функција

Отпорот да стави потпис на 35-те рамковни вработени, пркосот кој според премиерот Заев не смеел да си го дозволи – директорот на пазарна инспекција Стојко Пауновски ќе го плати со  функцијата. Премиерот очекува од вицепремиерот Љупчо Николовски да даде предлог за негово разрешување. Според Заев тој не смеел да си дозволи да ги понижува надредените, да не почитува хиерархија и секој ден јавно да води полемика  со потпретседателот и со претседателот на Владата.

Заев вчера јавно го прозва Пауновски дека пружа отпор и дека треба да ги почитува одлуките на Владата околу распределбата на рамковните вработени. Но, Пауновски не попушти. Па  и денеска порача: Додека сум директор не ги потпишувам решенијата за 35-те административци. Ако сакате разрешете ме – изјави Пауновски.

„Стојам на тоа – ако и премиерот не ме разбира и не сакаат да ја разгледаат ситуацијата во Пазарна инспекција, слободно нека ме разрешат уште во вторник. Тоа што се бара од мене не можам да го спроведам“- изјави Пауновски за „Телма“.

По изјавата на Заев за негово разрешување- Пауновски веќе не одговараше на телефонските повиси и смс- пораките.

Инаку, тој  јавно реагираше дека 35-те рамковни вработени кои ги добил од Министерството за политички систем нема кај да ги вработи бидејќи него му требале инспектори, а административците иако немале квалификации сакале да седат во канцеларии. Дополнително на инспекторат му бил потребен кадар во Источна Македонија, а од кај Груби му испратиле за Тетово, Гостивар, Кичево, Струга. Кажа и дека иако уште во јануари испратил допис во Заев, Николовски, и Груби – до сега не добил одговор.

Правните експерти пак со став – Пауновски е во право. Според професорот Давитковски инспекциите се ударните тупаници на државата кои контролираат кој не ги почитува законите. Вели не може тука да се прават експерименти, да се ставаат луѓе без квалификации Тие нема да може да направат записник и да потпишат решение при инспекциски надзор.

Директорот воопшто не е заштитен, претпоставувам доколку не ја спроведе директивата можда ќе биде разрешен, но не треба во тој правец и така да се решаваат проблемите. Човекот ако имал што би се рекло три чисти да каже дека не ги прима бидејќи му требаат соодветни кадри,не би требало тоа да биде санкција за него евентуално утре да биде разрешен. Мислам човек со дигнитет и треба тоа особено да се почитува од сите па и од премиерот.- вели Давитковски.

Отпорот за неквалификуваните рамковни кои не сакаше да ги прими за инспектори, го направи херој Пауновски во очите на граѓаните. „Да имаше повеќе вакви примери може и ќе беше нешто од нас.“ – коментираа тие на социјалните мрежи. А револтот кулминира по изјавата на Заев дека сепак ќе го разреши.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе