Македонија Најважни

Притвореникот Амир Закири полицијата го фати кај мостот во близина на МНР

Утринава се случи бегство на притвореник додека бил носен на судење од истражниот затвор Шутка во кривичниот суд , информираат за Телма од затворската полиција.

Станува збор за Амир Закири кој со лисици на рацете избегал кон хотелот Холидеј ин, тој се товари за поттикнување и криумчарење мигранти, како и за перерење пари.

Тој избегал од зад судската зграда,  и во потрага по него по теченио на реката Вардар, беа вклучени и повеќе полициски кучиња.

Од кривичниот суд информираат дека тој избегал додека се уште бил надвор од судската зграда за што е надлежна затворската полиција..

Според информациите на Телма потоа ќе следува покренување на постапка за затворските полицајци за да утврдат причините и околностите на бегството.

После два часа на кејот на Вардар кај мостот во близина на МНР, бил фатен Амир Закири, како што велат полицајците бил агресивен, но полицијата го совладала и привела.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе