Македонија Најважни

Со скафандери во Собранието, антикризните мерки изгласани со тензии

Антикризните мерки се изгласаа за само неколку минути, откако во Собранието влегоа и пратеници позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери. Мирослав Богдановски дојде со сопствено возило, додека Бисера Костадинова од Битола пристигна со возило на Брза помош, кое неколку часа ја чекаше пред собраниската зграда. На влезот не им беше измерена температура, што не беше случај со останатите посетители  во законодавниот дом. Гласаа од посебни кабини.

Апасиев  од Левица му мавташе со деловникот пред лице на Џафери, а ВМРО ДПМНЕ бараа објаснување.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ не одговори по кој протокол се донесени пратеници  болни од Ковид-19 во Собранието, но кажа дека имаат дозвола од Комисијата за заразни болести.

Откако почна седницата, во салата влегоа и ВМРО ДПМНЕ, по што законите се носеа како на брза лента. Опозицијата одби да влезе на претходната седница. За помалку од половина час беа завршени две седници и донесени триесетина закони. Меѓу нив се законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, како и на работодавачите, погодени од кризата, за исплата на плати за месеците февруари и март годинава. Донесен беше и  Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход. Заинтересираните лица ќе можат да аплицираат за оваа помош до 30 април годинава.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

Tea Dimkovska

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе