Ковид19 Македонија Најважни

Починаа два родилки како последица на Ковид-19

Во Скопје починаа две родилки кои имеле тешка клиничка слика предизвиката од инфекција со вирусот Ковид-19. Една од нив е 33-годишна жена од Делчево, а другата е една година помлада скопјанка, двете биле второтки, а пораѓањето било извршино на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Како што информираше за Телма директорката на ГАК Викторија Јовановска двете биле породени со царски рез, а бетето на родилчката од Делчево веќе е испишано од болницата. Родилката по влошување на состојбата поради инфекцијата со корона вирусот била префрлена во градската болница 8-ми септември, а ден пред да биде примена на ГАК имала негативен ПЦР тест.

Втората почината родилка 32 – годишна скопјанка, била породена во 30 неделеа од бременоста, и нејзиното бебе се суште е на интензивна нега на клиниката на ГАК и е на рерспиратор.

Беше донесена од инфективна клиника во многу лоша состојба. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба, рече јовановска.

По животоспасувачки царски рез извршен пред 10-тина дена и третман со респиратор поради силна инфекција од Ковид, родилката била донесена на КАРИЛ, каде починала. А трета родилка која е сега во добра општа здравствена состојба е префрлена на одделение.

Родилките развиле пневмонија на двете белодобри крила, предизвикани од Ковид, во лекувањето учествувале и лекарски тимови од сите клиники, но шансите за да се спасат нивните животи завршиле безуспешно.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе