Ковид19 Македонија Најважни Топ вести

Од среда ќе се вакцинираат луѓето над 75 години

20.000 македонските граѓани постари од 75 години ќе се вакцинираат како приоритетни, од првите 24.000 дози на „Астра Зенека“ кои пристигнаа во земјава вчера, додека попишувачите попладнево се тргнати од приоритетната листа за вакцинација. Вакцините за вкацинацијата која треба да започне на 1 април денеска и утре ќе се дистрибуираат во сите градови, а во меѓувреме матичните лекари до 6 април  треба да ги пријавата своите пациенти од над 75 години за вакцинација во системот на „Мој Термин“, и да ги известат за тоа.

Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче ги уверува, особено повозрасните граѓани, дека вакцината „Астра Зенека“ која во моментов е единствената достапна за македонските граѓани, е безбедна, најавувајќи дека и тој самиот ќе се вакцинара со ова вакцина токму поради сомнежот кој се појави за „Астра Зенека“.

„Ставот на стручниот тим е дека апсолутно нема контраидикација на граѓани од која било возраст да се вакциираат со ова вакцина на ’Астра Зенека’. Сите кои што се пријавиле ќе бидат повикани, сепак од матичниот лекар, бидејќи морат да се искомуницира, да се поразговара за здравствената состојба во моментот, евентуално да се сподели ако некој има вложена здравствена ситуација и согласно тоа да се закаже терминот“, изјави Филипче.

Она што може да се очекува како нус-појава, не само оние од Астра Зенека, туку од сите вакцини, е болка во раката.

„Најчесто е болка во раката, отоко на местото на апликацијата. Може да има една малаксаност, може да има некогаш температура, не многу висока, болки во телото, но сите ови симптоми проаѓаат уште истиот ден. Така што, не кај секого, но ќе има пациенти кои ќе имаат вакви несакани ефекти и тоа мора да го знаеме. И да не се плашат“, информираше д-р Дејан Докиќ, пулмолог и координатор на ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар.

И додека возрасната популација го чека повикот од матичните лекари за вакцинација, 5.500 попишувачи за пописот кои утрово беа најавени како приоритетни за вакцинирање од попладнево се тргнати од приоритетната листа. Откако беше соопштена одлуката дека пописот се одложува за септември, од Министерството за здравство за Телма информираа дека попишувачите ќе почекаат за вакцинација, бидејќи некои од нив до септември може да се откажат и на нивно место да дојде друг како попишувач.

Во меѓувреме, започнуваат подоготвките салата „Борис Трајковски“ да прерасне во главен пункт за масовната вакцинација во земјава.

„И во текот на неделата ќе биде целосно подготвен. Тука ќе има 30-на позиции во кои што вработени лекари и сестри од Здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата тогаш кога ги очекуваме и дополнителните колични да стигнат од Кина, а според најавите од кинеската влада тие сега интензивно работата во делот на обезбедување на точниот датум на транспортот“, изјави Филипче.

Но освен кинсеките вакцини месецов се очекуваат и преостанатите околу 76.000 вакции на Астра Зенека од Ковакс механимзот, од кои ќе се врши и ревакцинацијата со оваа вакцина 12 недели од првото боцкање, вклучително и на оние кои се вакцинирале во Србија со оваа вакцина, за што од Србија се побарани податоци кои  македонските граѓани се вакцинирале таму.

Филипче денеска информираше и дека компанијата „Фајзер“ конечно го потврдила договорот за испорака на вакцини во земјава, и во текот на неделава треба да се потпишат договорите со земја-членка на ЕУ како трипартитен договор за достава на „Фајзер“ вакцините.

И додека вакциналните пунктови низ цела земја се подготвуваат за да ги примат првите граѓани, кои не се медициснки лица, за вакцинација, утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести која ќе ја анализира состојбата со пандемијата и евентулно воведување на нови рестриктивни мерки, за што министерот Филипче смета дека во моментов не постои индикации дека има потреба од такво нешто.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Двајца загинати и тројца тешко повредени при филмска заседа на затворски конвој во Франција

Дејан Дејан

Македонците потрошија 573 милиони евра во 2023 година на Интернет пазарењето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе