Ковид19 Македонија Најважни

Во штипскиот ковид центар само два слободни кревети

Третиот бран на коронавирусот го наполни и штипскиот Ковид центар. Пред неколку дена половина од болничките кревети беа празни, но со зголемувањето на бројките и ширењето на британскиот сој   денеска има само два слободни кревети. Активирано е и Кожното одделение, а за една недела се очекува и отварање на модуларната болница, која ќе има 47 кревети.

Штипскиот Ковид центар за само три дена од полупразен болнички капацитет се наполни со пациенти, со тешка клиничка слика. Од утринава имаат само два слободни кревети, а се активираше и Кожното одделение. Здравствените работници од денеска ковид пациентите ги лекуваат на три одделенија.

Според Ѓеорѓијев притисокот за болнички третман е очекуван, по бројките на новозразени во источниот регион. Очекува час поскору да се отвори и модуларната болница, со што ќе се добијат дополнителни 47 кревети.

50 здравствени работници се ангажирани за третман на пациентите,  имаат и помлади , но доминираат оние повозрасните, кои се јавуваат во тешка состојба. Во Кочани, ковид пациентите се целосно  префрлени во новиот модуларен објект и од 29 кревети исполнети се  15 од кои 11 се на кислородна подршка. Во Штип засега состојбата со  училиштата и градинките е под контрола, а дневно во Центрот за јавно здравје се прават над 40 тестирање за корона вирус.

Викторија Јованова Димитрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе