Вести Македонија

Се разгорува состојбата со Ковид во Битола

Три лица починале како последица на компликации од коронавируот во изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Битола. Вкупно се хоспитализрани 78 позитивни пациенти, од  битолската болница за Телма информираат дека сите се со тешка клиничка слика, а 65 од нив се на кислордна поддршка.

Бројките на заразени растат и во Битола,  за овие три недели од март се регистирани речиси 500 новозаболени и 11 починати

Сепак, Прилеп и натаму е најголемо жариште на вирусот во Југозападниот регион и втор град во земјава после Скопје  со најголем број заразени.  Само во трите недели од март има 1013 заболени и 37 починати. Со вкупно 300 починати од почетокот на пандемијата, Прилеп има и најголема смртност од вирусот

Епидемиолозите велат дека големиот број на заразени во овој град  се должи на непочитување на мерките, собирања во домашни услови и во угостителските објекти, криење на контакти и  неколкукратно поголемата заразност на британскиот сој на вирусот кој е доминантен во Прилеп.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе