Македонија Топ вести

Oбвинителството ги следи написите околу набавката на кинески вакцини

Од обвинителството велат дека ги следат написите околу набавката на кинески вакцини. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со внимание ги следи информациите објавени по медиумите, при што очекуваме надлежните институции  до обвинителството  да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела.

Обвинителството согласно своите надлежности ќе ги даде неопходните насоки,  упатства и наредби на институциите во чија надлежност е откривањето на овој вид на криминал.

Доколку овие институции утврдат елементи на кривично дело,​ обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги гони сторителите, стои во одговорот на Јавното обвинителство.

Постапка е отворена и во антикорупциската комисија. Министерот Венко Филипче тврди дека нема никаква провизија во набавката на кинеските вакцини до кои со сите сили државата сака да стигне.

Опозицијата пак бара објавување на сите документи со посредникот од Хонк Конг со кого е прекината соработката по барање на кинеската влада која директно ги продава Синофарм вакцините на државите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе