Вести Македонија Најважни

Османи: Бугарските здруженија да побараат графа во рамките на пописот

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утрово се огласи во врска со реакциите на правата на бугарската заедница во земјава и порача дека граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот.

Земјава, порачува тој, има исклучително успешен модел на мултиетничко општество и никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница.

„Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“,

вели Османи во реакцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе