Вести Македонија Топ вести

Мала заинтересираност за вакцинација на луѓето над 70 години во Гостиварско

Мал интересот за вакцинација против ковид 19 во гостиварскиот регион.

Се пријавиле само 1 500 граѓани над 70 години, од близу 6 000 коишто спаѓаат во првата група.

Апел матичните лекари поажурно да ги пријавуваат пациентите упати министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на модуларната болница во Гостивар.

Филипче истакна дека ќе се работи на подигнување на свеста кај населението за важноста на имунизацијата, особено за лицата кои одбиваат да ја примат вакцината против ковид 19.

Освен овој процес, за менување на сликата на пандемијата, многу важно е и граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките.

Од гостиварската болница, 40 лекари и медицински сестри, кои имаат директен контакт со ковид пациенти, веќе се вакцинираа.

Но кога ќе пристигнат нарачаните дози вакцини за имунизација во нашата земја се уште не се знае точниот датум, бидејќи, како што рече Филипче, пролонгирањето е поради барања и разговори со компаниите.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе