Македонија Топ вести

Насилни протести за пресудата во „Монструм“, демонстрантите со камења, полицијата врати со шок бомби

Повредени полицајци, нападната новинарска екипа, камења и канти за отпад по полициската барикада и шок бомби како одговори. Протестот против пресудата во случајот „Монструм“ почна мирно, според договореното од паркот во населбата Чаир, а намерата на демонстрантите беше да застанат пред заградата на Кривичниот суд и потоа да продолжат кон Владата.

Полицијата овој пат беше подготвeна. Со три кородони ги дочека кај трговскиот центар „Маврковка“ и ги запре. Следуваа петнаесетина минути исполнети со тензија и преговори. Организатори бараа од полицајците Албанци во кордонот да се повлечат, а потоа дадоа рок од десет минути да се повлечат за тие може да поминaт. На крајот се обидоа со ветување дека ќе одат само до Владата за да ги прочитаат своите барања.

Поилицајците останаа на своите позиции.

Тогаш на сцена стапија петнаесетина маскирани хулигани кои ги нападнаа полицајците. Тие се обидоа да се пробијат преку споредните улички но неуспешно. Се појавија и пратеници од опозициската БЕСА и Алтернатива кои се обидоа да ги смират демонстрантите и хулиганите.

На протестот беше нападната новинарска екипа на која демонстрантите сакаа да ѝ ја одземат и уништат опремата со која снимаа. ЗНМ и Синдикатот на новинари со реакција и осуда за инцидентот и побараа од МВР веднаш да ги идентификува напаѓачите и да ги казни.

Од полицијата пак соопштија дека од камењата и тупаниците на насилните демонстранти се повредени седуммина полицајци а осуммина насилници се приведени.

Организаторите на протестот кои говореа само на албански јазик, побараа судскиот процес да се повтори, да бидат назначени нови обвинители и обвини за диктатура, монтирано судење и нарачана пресуда.

Во вторникот судот на доживотен затвор за тероризам ги осуди бегалците  Алил Демири, Африм Исмаиловиќ како и Агрим Исмаиловиќ кои беа обвинети за тероризам. Фејзи Азири за помагање доби 15 години затвор додека Хаки Азири доби 9 години затвор за истото дело. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако Обвинителството во завршните зборови се откажа од негово гонење поради немање докази.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе