Македонија Топ вести

Малолетник прегази лекар пред Клиничкиот центар во Скопје

Синоќа околу 20.30 часот 16-годишник прегази лекар пред влезот на клиничкиот центар во Скопје. Малолетникот со возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски таблички, удрил во 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, додека ја минувал заминувајќи си од работа.

Според очевидци, малолетникот, откако го удрил д-р Јота се обидел да избега од местото на несреќата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а лицето е приведено, велат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека д-р Јота има тешка повреда на главата.

Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ. Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред Министерството за здравство, изјави Филипче.

Остра осуда пристигна и од Лекарската комора.

Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран. Искрено и силно се надеваме за позитивен исход од лекувањето на нашиот колега, кој е исклучителен професионалец и кој со години дава огромен и значаен придонес за развој на професијата, едукација на млади лекари и спасување на човечки животи, пишува во соопштението на Лекарската комора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе