Ковид19 Топ вести

70% од новозаразените се со британската мутација на вирусот

Британската мутација на Ковид е виновна за 70% од новите случаи на зараза. Се шири многу побрзо отколку обичниот вид на вирусот, а лабораториите веќе пријавуваат дека е детектирана кај огромен број од позитивните лица. Министерот за здравство оценува дека тоа е една од причините за драстичното зголемување на бројот на новозаразени.

Само вчера, епидемиолозите од Институтот впишаа 725 новозаразени што е повеќе од 20% од направените тестови.

„Навистина има зголемување на бројот на заболени. Во овој момент сѐ уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ, но во текот на вчерашниот ден имав разговори со претставници на лабораторијата од болницата „Жан Митрев“ каде што британскиот сој е присутен во 70% од новозаразените. Очигледно е дека бројот се зголемува и очигледно е дека еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот за којшто знаеме дека полесно се пренесува.“ – вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Граѓаните се свесни дека тешкиот период со вирусот не е минато.

Повеќето се одговорни и цврсто се држат до мерките и препораките, но свесни се и за непочитувањето на истите – насекаде околу нас.

Информациите од надлежните се  дека порастот на случаи значи и нови хоспитализации. Болничките капацитети сепак не се загрозени и болниците се подготвени за секое можно сценарио.

Се чуваат списоците за ротации на кадарот, а одделенијата на Клиниките веднаш може да се пренаменат во Ковид-центри повторно.

Доктор Злате Мехмедовиќ вели дека ова зголемување на бројот на новозаразени сепак е очекувано.

Во однос на руската вакцина – Владата му дала овластување на министерот да го потпише договорот.

Се подготвува набавка на сто илјади вакцини од „Спутник“ покрај сите други коишто се договорени, но сѐ уште се очекува да пристигнат во земјава.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Познатиот шпански шеф ЛУИС АРУФАТ подготвуваше шпански специјалитети со кочански ориз

Дејан Дејан

Изведување нови докази на судењето за пожарот во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе