Српскиот министерот за грижа за семејството и демографија Ратко Димитровиќ го окарактеризира како калсичен обид за убиство тоа што некој му ги одвртил завртките на тркалата на неговиот автомобил.
„Имаше два обиди за моја ликвидација во 90-тите во Хрватска, кон крајот на 1995 во Белград, се откажаа во последен момент од планот да бидам убиен. Двајца сведоци се уште се живи. На кого денеска му е потребно моето убиство?“, напиша Димитровиќ на Твитер.
Како што соопшти министерство за грижа за семејството, инцидентот се случил за време на службениот пат на министерот Димитровиќ, кога во текот на возењето било забележано дека некој ги олабавил навртките на предните тркала на службениот автомобил со којшто се враќал од Ниш.
