Ковид19 Македонија Топ вести

Нови 166 случаи на Ковид-19, починати 10 лица, оздравени 416

Денеска се регистрирани 166 нови случаи на Ковид-19 во земјава, од вкупно направени 1049 тестови. Најмногу заболени има во Скопје 88, потоа Охрид и Тетово со 13, Струга и Прилеп со 11, Гостивар 7, Штип и Кавадарци по 4, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино по 2, Велес, Крушево и Виница по 1. Институтот за јавно здравје информира дека денеска се забележани 416 оздравени пациенти. Починати се 10 лица, 3 во Прилеп, по две во Скопје и Штип и по едно во Куманово, Охрид и Радовиш. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.494, бројката на оздравени пациенти е 66.209, на починати е 2.581, а бројот на активни случаи изнесува 16.704.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Ќе има ли нов скок на инфлацијата – статистика утре треба да ги соопшти податоците

Дејан Дејан

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе