Ковид19 Топ вести

12 починати, 46 нови случаи Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-22, Куманово-2,  Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица  (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-13,  Штип-7, Прилеп-39,  Тетово-12, Струга-3, Велес-4, Битола-9, Охрид-33, Кавадарци-41, Гостивар-9, Гевгелија-4, Струмица-16, Крива Паланка-3, Кочани-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-2 и Неготино-17.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе