Македонија Топ вести

Најавен „Акција-21“, опозицијата со остри критики

Судството, корупцијата, Ковид-19, животната средина, енергетиката и марихуаната се дел од амбициозниот владин план за идната година, наречен „Акција 21-за европски стандарди дома„. Планот предвидува европеизација на државата и покрај блокадата од Бугарија.

Приоритет број 1 за идната година ќе биде прочистувањето на правосудството.

На почетокот на годината се очекува да почне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.

Од областа на енергетиката, Заев го најави проектот со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана, а за АД ТЕЦ Неготино во првата половина на годината ќе се оцени дали ќе се продава или ќе се гради нова гасна електрана на истата локација. Од идната година, тврди дека и официјално започнува изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција и гасификацијата на државата. Пописот е најавен за напролет, паралелно со борбата со дезинформациите.

Меѓу приоритетите е и легализација на марихуаната, за што Заев вели дека ќе почне широка дебата откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги.

Нови лаги за стари проекти, најавени уште пред четири години, вака ВМРО ДПМНЕ го оценија владиниот акциски план.

Стартот на акцискиот план е најавен веднаш по Нова година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

Дејан Дејан

Сточарите од Делчевско излегуваат на протест – Млекото нема да се истура на улица, туку ќе го подаруваат на случајни минувачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе