Ковид19 Македонија Топ вести

Веќе е доцна за вакцини против грип, сметаат матичните лекари додека министерот Филипче најавува повеќе термини

Каква корист има од вакцинација за грип во декември, кога населението ќе стекне имунитет дури во јануари – е ставот на матичните лекари по најавите на министерот за здравство дека ќе има повеќе термини за вакцинација.

Уште на почетокот, нарачаните вакцини доцнеа, комерцијалните веднаш се истрошија, а дел од граѓаните на коишто им следува бесплатна вакцина се уште едвај можат да дојдат до термини.

Но, здравствените власти со уверливи тонови велат дека количините за вакцинација се доволни и секој ќе дојде на ред.

„Можевме ние да направиме и друг систем, нагло да се пуштат сите вакцини и да пробаме да се извакцинираат поголем број граѓани во пократок временски период, меѓутоа сметам дека тоа ќе беше голем хаос во амбулантите – огромни гужви коишто на некој начин се и ризик, оттука да се направат мини кластери“ е ставот на министерот за здравство, Венко Филипче.

Но, која е поентата на воведување повеќе термини во овој момент – прашуваат матичните лекари.

Тие изминатите неколку недели секојдневно мораат да ги одбиваат своите пациенти коишто се јавуваат за термин затоа што друг избор немаат, ниту пак можат да ги услужат преку системот во кој секунди ги делат од веќе пополнети термини за вакцинација.

„Според онаа микробиологија и календари за вакцинации коишто сме ги учеле ние по медицина и со години сме ги практикувале, тој календар кажуваше до крајот на октомври да се вакцинира за сезонски грип. Сега веќе знаете како?! тие возрасни лица, хроничари, ако ја примат таа вакцина која во прво време малку го ослабува имунитетот и потоа ги фати друга настинка – тоа може да ги покоси“ во изјава за Телма кажа Лилија Чолакова – Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.

Проблемот трае еден месец, а со самото тоа се постави и прашањето дали матичните лекари требаше да ја добијат обврската да закажуваат за вакцини или можеби сепак можеше да се изнајде друг пофункционален модел, е ставот на доктор Чолакова-Дервишова.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе