Во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи со Ковид-19 што и понатаму е 38% позитивни тестови . Починати се 23 лица од 55 до 84 години од кои петмина се во Скопје, 4 тири во Битола и Струга, три во Охрид , две лица во Штип и Радовиш и по еден смртен случај во Гостивар , Крушево и Струмица . Од жртвите тројца се починати вон болнички услови. Најмногу заразени пациенти има во Скопје 248 , Охрид 47, Битола 46 , Тетово 40 по што следуваат другите градови . Во Моментов во болниците се снестени 873 пациенти со КОВИД а има околу 150 празни болнички кревети во Ковид центрите-соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 774 пациенти.
Во продолжение соопштението на министерството за здравство:
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-248, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21.
Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45, Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 29449, активни 10767
- Куманово 4010, активни 778
- Дебар 504, активни 128
- Штип 2876, активни 515
- Прилеп 3372, активни 1032
- Тетово 4110, активни 1100
- Струга 1638, активни 490
- Велес 2211, активни 707
- Битола 2419, активни 975
- Охрид 1826, активни 624
- Кавадарци 1452, активни 584
- Гостивар 2841, активни 1121
- Гевгелија 828, активни 277 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 1845, активни 574
- Крива Паланка 483, активни 146
- Радовиш 469, активни 120
- Крушево 143, активни 74
- Кочани 1331, активни 261
- Пробиштип 387, активни 90
- Демир Хисар 211, активни 69
- Македонски Брод 184, активни 40
- Пехчево 108, активни 21
- Берово 423, активни 125
- Валандово 231, активни 66
- Виница 397, активни 139
- Делчево 537, активни 265 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 169, активни 46
- Свети Николе 910, активни 223
- Кичево 1370, активни 451
- Ресен 526, активни 215
- Неготино 708, активни 375 (103 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1715 теста се преку: ИЈЗ-546, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-301, Биотек-215, МАНУ -183, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -186, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -38, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 348.795 тестирања на Ковид -19.
