Ковид19 Свет Топ вести

Русија започна со вакцинирање, САД тоа го најавува за средината на декември

Русија започна со програмата за вакцинирање против Ковид – 19, а клиниките во 13-милионската Москва веќе вршат вакцинација на најзагрозените од вирусот. Земјата ја користи сопствената вакцина Спутник 5, која дозвола доби уште во август. Сепак се уште се спроведуваат масовни испитувања иако вакцината беше промовирана како 95% ефикасна и без нуспојави.

  • Секако дека се соменвав, осбено со оглед на тоа што сите клинички испитувања не се завршени. Но решив да одам понатаму и да се заштирам на сите можни начини, вели Татјана Керсанова, жена вакцинирана против Ковид – 19.

Вакцината е службено регистрирана, помина две фази на клинички испитувања и сега ја завршуваме третата фаза. Во контекст на пандемијата у условите во кои се наоѓаме, тоа не е во спротивност со било која нормативна пракса, објаснува Наталија Кузенкова, главен доктор на клиника во Москва.

Илајдници луѓе кои се регистрираа за да ја добијат оваа вакцина од две дози, првата доза веќе може да ја добијат викендов на една од 70 локации ширум градот. Не е јасно колку дози Русија може да произведе, но според најавите на прозводителите до крајот на годината ќе има два милиони дози од Спутник 5. Вработените во училиштата, здравствените работници и социјалните служби имаат приоритет. Министерот за здравство Михаил Мурашко веќе објави дека се вакцинирани повеќе од 100.000 луѓе.

Додека европските земји ги кројат последните стратегии за тоа кој прв ќе ја прими вакцината на Фајзер/Бионтек, оптимизам во американската јавност шири најавата на американскиот потпретседатл Мајк Пенс, кој најави дека одобрението за вакцината ќе пристигне кон средината на овој месец. Мала група на луѓе со протест го пречекаа пред Центарот за контрола и превенција од болести.

Всушност веруваме дека од моментот кога ќе го добиеме одобрението од Управата за храна и лекови, кое најверојатно ќе биде неделата околу 14 декември, може да се транспортира во првите 24 часа и луѓето ќе можат да се вакцинираат во следните 24 часа. Значи во рок од 48 часа од одобрението, може да се вакцнираат буквално луѓето во сите 50 држави и територии низ земјата и тоа под надзор на искусни луѓе. Навистина е извонредно- Мајк Пенс, американски потпретседател.

Генералниот директор на СЗО предупредува дека е погрешна перцепцијата дека е готово со пандемијата, која и покрај вакцината се уште забрзано се шири.

Напредокот околу вакцината за сите е позитивно и сега можеме да почнеме да го гледаме светлото на крајот од тунелот. Меѓутоа СЗО е загрижена поради се поголемата перцепција дека е готово со пандемијата. Но вистината е дека во многу места има високо ниво на пренос на вирусот, што е огромен притисок врз болниците, врз одделениејата за интензивна нега и врз здравствените работници – Тедрос Адханом Гебреизус, генерален директор на СЗО.

Првиот човек на ОН со остри критики кон земјите кои не ги следат препораките на СЗО, истакнувајќи дека пандемијата ја разоткри долгогодишната криза. Светот е соочен со најголемата глобална рецесија во последните осум години.

Екстремната сиромаштија расте, ни се заканува опасност од глад. Соочени сме со најголемата глобална рецесија во овие осум децении. И тие меѓународни влијанија не се последица само на Ковид-19. Тие се резултат на долготрајната фрагилност, нееднаквост и неправда кои ги изложи пандемијата. Време е за рестартирање. Ако работиме силно на обновување, мораме да ја искористиме приликата за промени- Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.

Во истовреме Европол предупреди на опасност од измами за организиран криминал, поврзани со вакцините против Ковид-19 – криминалци да продаваат лажни вакцини или да крадат пратки со вакцини. Има информации за криминални групи кои рекламираат купување преку Интернет „користејќи ги логоата на вистински фармацевтски компании “. Исто така, можно е криминалците да ги собираат и повторно да ги полнат употребените шишенца со вакцини. Од синоќа полициско обезбедуваат имаат владини советници за коронавирус во Словенија кои на домашна адреса добиле заканувачки писма за нивниот живот и безбедност.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе