Ковид19 Најважни

Вакцината за КОВИД – 19 ќе стигне најмногу за три месеци, прво ќе се вакцинираат здравствените работници и хронично болните

Вакцина против ковид за два или три месеци, повторија уште еднаш здравствените власти.

Но се планира набавка на дополнителни вакцини, со што би можело да се вакцинирам околу 70 проценти од населението.

Засега преку Ковакс – механизмот се обезбедени 833.000 дози за вакцинација на 400.000 граѓани во две дози.

А, уште толку дози би се набавиле директно од производителите  ‘Астра Зенека’ и од „Фајзер.

Она што се чека се и фрижидери за чување на вакцините против кортона вирусот , кои од САД треба да стасаат наредниот месец.

Освен тоа што овие вакцини треба да се донесат , но и да се чуваат под посебни услови – друготот е слично како и за примање на други вакцини. Предност ќе имаат здравствените работници кои работата во ковид – центрите, хроничните болни и луѓето над 65 години.

Од примање на една до друга доза треба да поминат 21 ден.

Инаку, граѓаните нема да треба да плаќаат за да се вакцинираат, ќе се закажува преку мој термин , а вакцини ќе се примаат на веќе постоечките вакцинални пунктови на кои се прима вакцина и за сезонски грип.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе