Ковид19 Македонија Најважни

Рикер до Заев: Решение за билатералните прашања да се бара надвор од процесот за интеграција

Решение за билатералните прашања да се бара надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, бара помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер. Во писмо упатено до премиерот Зоран Заев, вели дека ќе настојуваат, сепак да се одржи меѓувладината конференција за време на германското претседателство со ЕУ кое завршува на 1 јануари идната година.

Во писмото Рикер наведува дека САД се разочарани што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите. За министерката Шеќеринска, писмото на Рикер праќа јасна порака за тоа што се очекува од двете земји.  Не сакаше да навлегува во детали околу тоа, што содржи „патоказот“, кој го најави министерот Османи, за спроведување на Договорот за добрососедство.

Нејзината поранешна шефица на кабинет, Малинка Ристевска од Институтот за европска политика, за Телма изјави дека, уцените од Бугарија за добивање датум за преговори не треба да се прифатат и дека е недозволиво и трагикомично, самите, доброволно да ги ставиме бугарските барања во ЕУ рамка, особено затоа што Брисел се изјасни дека, билатералните  спорови не смеат да влезат во преговарачката рамка. Предлогот за патоказ со кој би се контролирало почитувањето на Договорот дојде од официјална Софија, која бара тој да стане дел од Преговарачката рамка.Нашата страна се согласила да разговара за ова, што беше потврдено и од министерот Османи, но детали не се откриваат.

Засега преговорите со Софија се на ниво на работни групи. Нема договорено средба меѓу Заев и Борисов. Тој, пак, во интервју за германски медиум, тврди дека, Македонците се насилно преобратени Бугари од страна на комунистичката Интернационала. По Втората светска војна, вели, бугарските комунисти, контролирани од сталинистичка Москва, сакале Бугарите во Македонија насилно да ги претворат во Македонци.За него, проблем, меѓудругото, се и тврдењата за македонско малцинство во Бугарија, за што неодамна беше покрената и резолуција во Европскиот парламент. На новинарско прашање, дали има излез од овој ќор-сокак, во време кога Германија би сакала да ги почне разговорите за пристапување во ЕУ со Македонија, Борисов сепак, навести и можен компромис.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе