Ковид19 Свет Топ вести

ЕУ добива две милијарди вакцини, ќе има и за Западен Балкан и за Африка

Европската унија ќе добие околу две милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

За време на видеоконференцијата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, таа рече дека тоа значи оти со таа количина ќе можат да се вакцинираат 700 милиони луѓе и додаде дека тоа подразбира и граѓани од Западен Балкан и Африка.

Во истовреме британската влада побара од Регулаторната комисија за лекоци да направи проценка на вакцината против корона вирусот на компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, кои признаа дека се појавила грешка при тестирање. Сомнежите се појавија откако тестирањето покажало дека групата што примила помала количина вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле цели две дози. Владата на Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од оваа вакцина, само неколку дена по позитивните вести за ефикасноста на вакцината.

Сега имамо причина да се надеваме дека до пролет комбинирано тестирањето и вакцинирањето ќе придонесат да се стави крај на оваа ера на орграничувања, но за да стигнеме таму, прво мора да ја пребродиме тешката зима, која е терет врз нашиот здравствен систем, а ладното време му оди во прилог на вирусот, рече Борис Џонсон, премиер на Британија.

Фирмата Астра Зенека развива вакцина користејќи пристап на тројански коњ. Односно телото произведува протеини и го зголемува имунолошкиот систем за да се бори ако наиде на вистински коронавирус. Оваа вакцина „вирусен вектор“ е прилично нова технологија. Во споредба со вакцините со генетски кодови, овој вид вакцини не мора да се чуваат на замрзнувачки температури. Што ја прави полесна за дистрибуирање. Веќе е познато дека вакцините произведени од компанијата „Фајзер“ мора да се чуваат на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата „Модерна“ треба да се чуваат на температура од минус 20 степени.

Во ладилниците на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, работниците од авиокомпанијата „КЛМ“ се подготвуваат да ги примат вакцините против коронавирус.

И германската фабрика Бајндер објави дека веќе масовно произведува фрижидери за длабоко замрзнување за складирање на вакцината против Ковид – 19.

Во Германија вчера беа потврдени нови 22.806 случаи на коронавирус, со што се надмина прагот од еден милион инфицирани лица од почетокот на пандемијата. Со ова земјата влезе во групата од 12 земји кои имаат над еден милион заразени лица.

Шведска ја призна грешката нема знаци на имунитет на стадо. Правилата во Шведска сè уште се релативно полабави во споредба со другите европски земји, но тие се значителен пресврт од претходните политики кои претпоставуваа дека луѓето доброволно ќе изберат да останат дома и да држат растојание.

Милиони Американци, сепак, и годинава отпатуваа кај своите семејства ширум САД, на традиционалните семејни собири по повод Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата на експертите да не го прават тоа поради постојаното зголемување на бројот на заразени и починати од коронавирусот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Претседателските избори ја кројат идната Влада

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе