Ковид19 Македонија Топ вести

Битолската болница да обезбеди простории за починатите пациенти

Да се обезбеди посебна просторија во регионалниот ковид центар во Битола за починати или пак да се прошири болничката мртовечница и наложи Државниот санитарен и здравствен инспекторат на директорката на Клиничката болница во Битола. Вонредниот инспекциски надзор беше спроведен на 25 ноември, откако на социјалните мрежи беа споделени фотографии на кои на креветите во  иста болничка соба има починати и пациенти кои примаат инфузија. Ова се случило на 22 ноември, кога во едно деноноќие на Инфективното одделение од Ковид-19 починале 13 пациенти. Но, наместо да се однесат во друга просторија или да бидат одделени со паравани, починатите останале во болничката соба со другите пациенти. Не биле однесени ниту во мртовечницата, затоа што таму има место за само 4 починати.

Наложено и е на директорката да обезбеди адекватна просторија или проширување на морга која ќе одговори на потребите во овој момент. Во однос на изолираноста на пациентите со паравани, истите се веќе поставени и задоволени се основните критериуми, почитувајќи ги правата на пациентите и правото на приватност, вели Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

По реакции на пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, со вонредниот надзор беа опфатени и санитарните јазли. Уште лани ДСЗИ издал решение за забрана за употреба на еден од тоалетите, а наложена била негова реконструција.

Овој дел од болницата пред почеток на пандемијата беше планиран за комплетно реновирање и преименување во Геријатриски центар. Но поради наплив на  пациенти, овој дел од болницата е отворен за употреба, освен споменатиот санитарнитарен јазол. Во моментот е издадено решение по кое директорката веднаш постапува, за санирање на истиот.

Бухова вели дека инспеткорите на терен мониторираат за секое отстапување од протоколите и законските норми. Досега Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницирал 21, а во тек се 9 вонредни инспекциски надозори.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Дејан Дејан

Насилниците не запираат, а жртвите молчат од срам и трпат бидејќи немаат каде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе