Ковид19 Македонија Топ вести

Петтина од кризната состојба помина, се уште се чекаат потписи за војничка заштита на болниците

6 дена од воведување на кризната состојба поради пандемијата, а на терен нема ниту еден војник, иако има серија активности, состаноци и комитети кои треба да помогнат на здравството во најтешката криза во државата. Се знае дека војници ќе помагаат со чување, обезбедување и логистика на болниците и здравствените капацитети, но командата во текот на денот треба да ја потпише и одобри врховниот командант, Претседателот Пендаровски. Од утре, 24 дена пред крај на кризната состојба, војниците ќе почнат да обезбедуваат, а досега без кризна состојба таква активност законски не била дозволена за армијата, објаснува министерката за одбрана и член на Управувачкиот комитет која потенцира дека дека сите одлуки и асистенции се носат по барање на здравство.

На списокот на барања од здравствениот сектор е решение за најголемиот проблем- преполнетоста на болниците и ковид центрите, до крај на неделата треба да се подготви приватниот капацитет во хотелот Ибис стајл- поранешна гинекологија Мала Богородица, а се градат и подготвуваат модуларни болници, како и воени шатори како приемни точки за болните. Другите барања и критични точки за здравството засега не се откриваат јавно-а во владата велат дека се работи.

Некои болници од внатрешноста веќе бараа помош од армијата, но поради немање кризна состојба војската не доби наредба за таков ангажман. Сега може да помага со воени медицински екипи, со тимови за дезинфекција, со обезбедување на болниците и со инжинериска помош за изградба на подвижни капацитети за прием, како шатори или времени објекти. Кризната состојба беше прогласена во петок, а ќе заврши на 19-ти декември.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе