Ковид19 Топ вести

Топ Тема- Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување за да можат да се вклучат во борбата против Ковид-19

Александра Георгиева, приватен специјализант по кардиологија, вечерва во Топ Топ, од име на приватните специјализанти повторно упати апел до министерството за здравство, за средба и отворени разговори за решавањето на проблемот со здравственото осигурување на овие млади луѓе, кои се подготвени и сакаат да се вклучат во борбата против Ковид -19.

Таа потенцираше дека за разлика од специјализантите кои се дел од државната квота и се вработени на клиниките на кои специјализраат, овие доктори немаат здравствено осигурување со што се изложени на ризик од работата во ковид –центрите, бидејќи во случај да се заразат, ќе мораат или да се лекуваат во приватните клиники, каде третманот е исклучително скап или ќе мора да плаќаат приватно во јавното здравство. Бидејќи самиот вирус е опасен и може да создаде проблеми како тромбоза и инфаркт, нивните потенцијални трошоци се огромни.

Пред 2 и пол недели тие побарале средба со министерот за здравство, но засега немаат одговор. Бидејќи станува збор за околу 200 лекари, тоа е потенцијал кој според Георгиева, во овие услови треба да се искористи.

Од здружението на приватните лекари понудиле 3 опции. Една од нив е зголемување на хонорарот, кој е околу 26 000 денари, за износот на здравственото осирување , втора опција би биле итни вработувања и третата опција се конкурси за вработување, кои би го решиле проблемот со кадар на клиниките на подолг рок.

Ние сме единствена држава која дозволува невработен доктор приватно да специјализира што сака и затоа се случува да имаме 2 специјализанти на инфективна клиника а 20 на кардиологија, изјави Георгиева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе