Македонија Најважни

Уште десетина слободни кревети во Ковид центарот во Битола

Забрзано се исполнува  капацитетот на Регионалниот КОВИД центар во Битолската болница, каде утрово има вкупно 67 хоспитализирани пациенти од целиот Југозападне регион кои  се позитивни на вирусот. Поголем дел од нив се во тешка сосотојба. Има уште десетина слободни места, а од Болницата за Телма потврдија дека веќе се подготвува одделението за Физикална медицина со што дополнително ќе се ослободат болнички кревети за заболените од КОВИД-19.  Зголемувањето на капацитетот за нови  пациенти, ја наметнува потребата за зголемување и на капацитетот на системот за кислородна поддршка во Болницата. За оваа  Општина Битола  соопшти дека од општинскиот буџет  ќе донира 10 илјади евра за Регионалниот КОВИД центар, а парите ќе бидат префлени уште денеска веднаш откако советниците ќе ја усвојат одлуката.  Од болницата велат дека целата постпка ќе се спроведе за две недели

 -Знаеме дека бројот на заболени е зголемен и дека се наоѓаме во ислкличителен период и дека треба да бидеме уште технички поподготвени. 10 илјади евраги ги донирима за елементи за кислородна поддршка доколку биде потребно во наредниот период и да овозмоѓиме поголем број пациенти ја имаат таа поддршка, изајви Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Инаку и  во градовите во Пелагонискиот регион драматично расте бројот на заболени. . Лидер   е Прилеп, каде има 400 активни слуачи, Битола болеста е во тек кај 236 лица, a бројките се зголемуваат и во Кичево, Ресен, Демир Хисар. 

Емилија Мисирливска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Срѓан Керим со прегратка и честиташе на Силјановска

Дејан Дејан

Ја потпиша заклетвата, но не го изговори целосното уставно име – Гордана Силјановска – Давкова стапи на функцијата претседател на државата

Desk

Апелациониот суд Гостивар одлучи да ја укине Пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе