Вести Економија

Скоро пола економија од државата се „врти“ во главниот град, најсиромашно во Кумановскиот Североисточен регион, а најмало по жител БДП има во Полошкиот регион

Според статистиките на Државниот завод, од државниот БДП за 2019-та 689.425 милиони денари или околу 11,2 милијарди евра (курс на евро 61,5 денари).

Богатсвото и натаму се таложи и произведува во Скопје. Скопскиот регион со 43,2  отсто има најголемо учество во бруто-домашниот производ (БДП) на државата во 2019 година, а Североисточниот регион (Куманово, Крива Паланка, Липково и Кратово) со 4,8 отсто – најмало.

На второ место е Битолскиот односно Пелагонискиот регион со 11, 3 % од државното БДП, а над милијарда евра се произведени само уште во Струмичкиот –Југоисточен регион.

  • Вардарски            54.913.000.000 денари                8.0 % од БДП    
  • Источен                 55.970. 000.000 денари               8.1% од БДП
  • Југозападен         56.848.000.000 денари                8.2% од БДП
  • Југоисточен          61.747.000.000 денари                9.0% од БДП
  • Пелагониски        78.146.000.000 денари                11.3% од БДП
  • Полошки               51.136.000.000 денари                7.4% од БДП
  • Североисточен   33.035.000.000 денари                4.8% од БДП
  • Скопски               297.628.470.000 денари              43.2% од БДП

Што се однесува до БДП по жител,  според податоците на Државниот завод за статистика, поголем бруто-домашен производ по жител од просечниот (на државно ниво) имаат Скопскиот регион и тоа за 41,8, Вардарскиот за 9,0, Југоисточниот за 7,5 и Пелагонискиот регион за 3,5 отсто. Сите други региони имаат потпросечен бруто-домашен проивод.

Во оваа категорија најлошо стои Полошкиот (Тетовско-гостиварскиот) регион каде по жител БДП изнесува повеќе од двојно помалку од просекот (52, 3 % помал од просечниот БДП по жител.

Просечниот Бруто домашен производ по жител во 2019-та, според статистиките на ДЗС изнесува 331.982 денари односно околу 5.400 евра.

Во 2019 година, во Република Северна Македонија се реализирани 146 078 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 10.3% повеќе во однос на 2018 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2019 година и понатаму има Скопскиот Регион со 50.9%,  додека најмало е учеството на Североисточниот Регион со 4.6%.

Споредено со 2018 година, пораст на инвестициите во основни средства е забележан во Североисточниот Регион (54.3%), Источниот Регион (23.5%), Југоисточниот Регион (23.0%), Полошкиот (15.9%), Југозападниот Регион (12.4%), Вардарскиот Регион (12.0%) и Скопскиот Регион (7.4%). Намалување на инвестициите во основни средства е забележано во Пелагонискиот Регион (15.0%).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе