Македонија

Состојбата со Ковид-19 во Гевгелија крајно загрижувачка

Состојбата со Ковид – 19 во Гевгелија постојано се влошува и веќе е загрижувачка, велат здравствените локални власти.

За само месец  и половина има над 260 нови пациенти со КОВИД – 19, а расте бројот и на смртни случаи.

Според епидемиологот Олумчев, клучно е да се крене свеста за самоизолација, граѓаните да не се движат ако имале контакт со заразено лице.

Гевгелискиот локален кризен штаб веќе два дена прави патроли во кои учествуваат и граѓани, а целта им е да се овозможи поголема контрола и почитување на мерките.

Во таа насока, втора недела е затворена капелата а погребите се одржуваат на отворено, на гробиштата, додека градскиот пазар функционира само со еден влез.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе