Македонија Топ вести

Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Тој беше позитивен на Ковид 19, како што соопшти синоќа Министерството за здравство, но имал и други тешки заболувања.

Од скопскиот Центар за јавно здравје соопштија дека во тек е епдемиолошка анкета на семејството Бајрам и очекуваат сите негови роднини кои беа на свадбата во Истанбул да одат во изолација. Иако неговата партија ги повика неговите прврзаници најпрво во Али пашината џамија и покрај апелот на здравствените власти да не се прават големи собири заради опасноста од ширење на коронавирост, во џамијата денеска никој не дојде.

Но голем број луѓе дојдоа во неговиот дом, каде што немаше пристап за медиумите, а потоа голема колона возила се упатија кон гробиштата. Амди Бајрам не беше погребан ниту во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, како што најавија од Сојузот на Ромите, туку негово последно почивалиште се муслиманските гробишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши ?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе