Најважни Свет

Папата Франциск поддржува истополови граѓански партнерски заедници

Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници.

Папата Франциск во документарниот филм „Франческо“, што вчера беше премиерно прикажан на фестивал во Рим, истакна дека истополовите двојки треба да имаат можност официјално да регистрираат граѓанска партнерска заедница.

– Тие се деца на Бог. Не можете некого да го исфрлите од семејството ниту поради тоа да го направите нивнито живот беден. Тоа што мораме да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие се законски покриени, посочи папата Франциск.

Во филмот е прикажано како папата охрабрува двајца геј мажи да доаѓаат на миса заедно со нивните три деца.

Папата додека беше надбискуб во Буенос Аирес го поддржа предлогот истополовите двојки да имаат законска заштита.

Филмот „Франческо“ на режисерот Јевгниј Афиневски е посветен на изминатите 7,5 години откако Франциск стана папа и неговата работа за заштита на животната средина, сиромаштијата, миграцијата, расната и социјална нееднаквост.

Во долгометражниот документарен филм прикажан е и односот на папата кон обвиненијата за сексуално злоставување во Римокатоличката црква.

Според актуелната католичка доктрина, хомосексуалноста е девијантно однесување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целодневна дебата во Собранието за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Дејан Дејан

По средбата на Јотова и Сиљановска – Бугарија очекува Македонија да ги исполни европските критериуми за членство и да ги внесе Бугарите во Уставот

Дејан Дејан

Семејството на жртвата од нападот со нож во Белфаст повика на смирување на ситуацијата: немирите не се добредојдени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе