Вести Македонија Топ вести

Наставниците да работат од дома за училиштата да заштедат на греење

Министерството за образование има нова идеја која ја презентираше денеска министерката Мила Царовска. Кога ке биде ладно, наставниците да работат од дома на онлајн настава, за да се заштеди училишните сметки за греење. Сепак вели ќе има дебата на оваа тема.

Од синдикатот на за образование пак веќе имаат предлог. Велат дека идејата од аспект да се зачува здравјето на наставниците е добра, ама министерството да им обезбеди компјутери и интернет врска или ако не може за возцрат да им даде паричен надоместок.

Царовска не одговори конкретно кога ќе проработи националната онлајн платформа за настава на далечина. Поради тоа што падна системот сега децата и наставниците се префрлија на микросовт тимс каде што ги одржуваат часовите.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска стратува Светското првенство во фудбал

Kristina Kuzmanovski

Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран

Kristina Kuzmanovski

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Трипуновски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе