Вести Македонија Топ вести

БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски  во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата, како што пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од синоќешното интервју, ќе се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство. Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС.

-Тоа беше незамисливо пред само три години … Јас самиот не сум кажал такви работи затоа што ќе бев растргнат, пишува БГНЕС витирајќи делови од интервјуто на Героргиевски за Алсат.

Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.

Во однос на минатото, како што пишува агенцијата, тој се прашувал како некои стари тврдења опстојуваат во демократијата, па го повикал секој македонски граѓанин кој сака да учи историја да оди и да ги купи книгите објавени од македонскиот архив во времето кога со него раководеше Зоран Тодоровски.

-Нема фалсификати, сè е во оригинал. Секаде може да се види дека Македонец и Бугарин се едно исто„, потенцира Георгиевски посочувајќи дека во Македонија„ нема ништо за периодот на двете балкански војни / 1912-1913 / и Првата светска војна / 1914- 1918 година /. И ова е многу едноставно, затоа што и левите и десните беа на страната на Бугарија. Имаме илјадници доброволци кои се бореа во редовите на бугарската армија. Македонија, исто така, не знае ништо за Македонската патриотска организација во САД и Канада, која е основана од елитата на македонската бугарска емиграција. Некои од нив достигнаа високи позиции во бизнисот, науката и администрацијата преку океанот. Во Македонија и натаму продолжуваат да се потсмеваат на оние кои се определија за Бугари, пишува Бугарската агенција БГНЕС.

Таа цитирајќи го Георгиевски пишува и дека проблемот со препрочитување на македонската историја не е заради Договорот со Бугарија, туку оти тоа треба да се направи за нас самите. – Ние негираме огромна, богата историја само затоа што има многу силна врска со Бугарија. Ние негираме жив народ затоа што тие се идентификуваа како македонски Бугари, го цитира Георгиевски БГНЕС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе