Вести Македонија

Кренати хеликоптери во лов на шверцери со мигранти

Хеликоптери, специјалци и дронови за набљудување од воздух. Се апсеше во Богданци, Скопје, Штип и с. Лојане. 10 шверцери на мигранти падна во рацете на полицијата. По еден се трага, а еден веќе осуден и зад решетки. Криминлата мрежа ја плетеле татко и син од Богданци кои што органзирале влез на мигрантите и дебело наплаќале. Останатите во групата ги превезувале од јужната до сверната граница

Акцијата е продолжение на минатонедлената акција „наречна „Реприза“ за субзивање на бизнисот со превезување мигранти. Бандата одлично соработувала со нивните криминали колеги од соседна Грција.

Лицата се осомничени дека сториле кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „Криумчарење на мигранти“.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје доставил предлог за определување на мерката притвор против сите осомничени лица.​

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе