Свет Топ вести

Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот

Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут, во руското летало Сојуз, од космодромот во Бајанкур, Казахстан беше успешно лансирана кон меѓународната вселенска станица.

Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало што ќе се поврзе со меѓународната вселенска станица во орбитата многу побрзо од претходните, за помалку од три часа и таму ќе ги помине следните шест месеци.

Кејт Рубинс од американската НАСА и руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од руската вселенска агенција Роскосмос полетаа утрово во предвиденото време до меѓународната вселенска станица што кружи околу Земјата.

Таму, ќе го заменат руско-американскиот тим кој е во мисија од април и треба да се врати на Земјата за една недела.

– Поминавме две недели во Стар сити, недалеку од Москва, а потоа 17 дена во Бајанкур во многу строг карантин и сите направивме ПЦР тестови, рече американската астронаутка Кејт Рубинс пред лансирањето, најавувајќи интересни тестови во Вселената, вклучително и студија за растот на клетките во вонземски услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Опозицијата со обвинувања за корупција, мито и блокирани европски фондови бара политичка одговорноста од министерот Трипуновски

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе