Вести Македонија Топ вести

Пратениците размислуваат за онлајн работа

На Координативната средба кај спикерот Талат Џафери, власта и опозицијата ги задржале своите ставови: едните бараат начин Собранието да остане функционално, за да може да носи закони и да го разгледа и усвои Буџетот, кој веќе е во собраниска процедура.

Од ВМРО ДПМНЕ стојат на ставот дека Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, бидејќи Уставот налага физичко присуство на собраниските седници. Долгогодишниот пратеник Антонио Милошоски вели дека од етички аспект,  се нарушува еднаквоста доколку пратениците не одат на работа во Собранието, а од градежниците, продавачите, медицинскиот персонал, наставниците, судиите и други вработени, се бара физичко присуство.

Од СДСМ потенцираат дека Собранието мора да ги остварува своите функции и во време на здравствена криза. Координаторот Јован Митрески предложил комбиниран модел: пратениците да си доаѓаат на седници, а од далечина да работат само тие што имаат решение за изолација или се болни. Договорено е опозициската партија уште еднаш да размисли за ваков начин на работа.

Доколку пратениците не успеат да се договорат, се доведува во прашање мнозинството за донесување закони. Двајца пратеници се позитивни на вирусот, што значи дека не можат да присуствуваат на седници и на гласање. Во процедура се над 130 закони, од кои голем дел се поврзани со справување со здравствената состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе