Македонија Топ вести

Македонските и бугарските аналитичари ги смируваат тензиите

Секоја блокада не треба да се смета за крај на целиот процес. И да ги оствари Бугарија заканите дека ќе го запре усогласувањето на преговарачката рамка, ние мора да одиме понатаму со јасна стратегија што сакаме од нашето општество и со јасна надворешна политика што стекнува пријатели, вели Малинка Ристовска од Институтот за европска политика. Барањата од Бугарија, за неа се ирационални и немаат поддршка од ЕУ, ситуацијата е неизвесна, но не и безнадежна. Тврди дека, иако не се толку видливи, ЕУ презема активности за решавање на прашањето уште во ноември, кога треба да се одржи Самитот на Берлинскиот процес, со кој треба да претседаваат Македонија и Бугарија.

Ристовска вели дека, Бугарија нема поддршка во ЕУ и за нив не би било лесно да останат изолирани по ова прашање. Но, и да се отстрани пречката, смета дека односите меѓу двете земји ќе останат оптоварени со прашањето и во текот на понатамошното пристапување на процесот и ќе мора многу повеќе да се работи на нив.

И бугарскиот политички аналитичар, Иван Крастев, е убеден дека ниту Владата, ни претседателот не би дозволиле Бугарија да се најде во ситуација на тотална изолација во рамките на ЕУ. Не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Македонија затоа што европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна и за бугарската страна. Бугарското вето, според него, би било апсурдно и ќе ја направи Бугарија смешна во очите на ЕУ.

Историчарот Стефан Дечев, пак, повика дека е крајно време Бугарија да прекине со претензиите кон македонскиот јазик.

Македонската нација во процесот на создавањето и градењето не се разликува од процесот на создавањето на која било друга нација, а македонскиот јазик е вештачки колку што се вештачки сите други јазици на овој свет. Треба да се разбере дека дијалектот е дијалект, тој нема име, а официјалниот јазик во една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Македонија се излишни и ќе завршат во ќорсокак, вели Дечев.

Тој потсетува дека во декември 1944 кога се создавала македонска кирилица, првата јазична комисија излегла со резултат за нова македонска азбука која е оддалечена и од српската и од бугарската кирилица. За проблемот со Гоце Делчев, тој вели дека не може така лесно да се постигне договор чиј е, македонски или бугарски, бидејќи во периодот на револуционерните и преродбенички движења во средината на 19. век и почетокот на 20. век, било тешко да се каже што е бугарско, а што македонско, т.е. каде завршува бугарското, а каде почнува македонското.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе