Вести Свет Топ вести

Кавги, навреди во првата жестока претседателска дебата на Трамп и Бајден

Претседателот на Соединетите американски држави Доналд Трамп и неговиот ривал од демократската партија, Џо Бајден, жестоко се судрија во една од најхаотичните и најбучни дебати за освојување на Белата Куќа во современата американска политичка историја.

Во пауза меѓу викањето, навредите, честото меѓусебно прекинување, кое го предводеше Трамп, двајцата кандидати ги спротиставија ставовите за пандемијата, белите супрематисти и расизмот и економијата во текот на дебатата која се одржа во Кливленд, Охајо.

Во една од највпечатливите размени, модераторот на дебатата, Крис Волас од Фокс Њуз, го праша Трамп дали е подготвен да ги осуди радикалните десничарски групи и расистите. Иако првично изрази подготвеност тоа да го направи, по гласните размени на навреди и инсистирањето на модераторот, Трамп на крајот избегна тоа директно да го направи.

 – Јас сум подготвен да направам се што треба. Сакам да видам мир.

  • Тогаш напревете го тоа. – Кажи го тоа, јас тоа го правам.
  • Сакате да ги наречам како? Како да ги наречам. – Бели супрематисти и десничарски парамилитантни групи.
  • “Горди момци”, повлечете се и чекајте. Но ќе ви кажам нешто, слушајте сега. Некој мора да направи нешто за Антифа и левицата, затоа што ова не е десничарски проблем, туку на левицата. Ова е левичарски проблем. Ова е проблем на радикалната левица. –Аман веќе замолчи човеку. Ова воопшто не му доликува на претседател.

Бајден и Трамп жестоко ги судрија ставовите и за пандемијата Ковид 19 која досега усмрти повеќе од 200 илјади американци. Бајден го обвини Трамп дека панично реагирал на коронавирусот и ги игнорирал препораките на научниците, додека американскиот претседател повтори дека Кина е виновна за глобалната пандемија.

Треба да излезеш од својот бункер и од теренот за голф, да го напуштиш теренот за голф , да одиш во претседателската канцеларија и да ги обединиш Демократите, Републиканците и да обезбедиш средства за тоа што треба да биде направено да спасиме животи, рече Бајден.

 

Ако те слушавме тебе, земјата ќе беше целосно отворена. Милиони луѓе ќе умреа, не 200 000. Дури и еден човек е премногу. Кина е виновна. Ова не требаше воопшто да се случи, му врати Трамп.

Без разлика на темата, секој обид за суштинска дебата на двајцата претседателски кандидати траеше кратко и набргу ескалираше во меѓусебно прекинување и навреди.

Ова е работата. Факт е дека се што тој досега го кажа, едноставно е лага. Јас не сум тука за да ги посочувам неговите лаги. Сите знаете дека тој е лажго, рече Бајден.

 

Но, ти се согласи. Џо, ти си лажгото. Ти си тој што лаже, врати Трамп.

 

  • Јас сакам да обезбедам.
  • Ти дипломираше последен во својот клас а не прв. – Ох, господе. –Г-дине претседател, може ли да му дозволите да заврши, господине? – Не, тој не знае да го направи тоа.

Според сите анкети, Бајден има стабилно водство пред Трамп во повеќе од државите кои се клучни за победата и освојување на ткн изборен колеџ.

Анкетите сугерираат и дека еден од 10 американци се уште не одлучил за кого да гласа, иако аналитичарите не веруваат дека првата од трите дебати ќе направи и некоја поголема разлика.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе