Македонија

Партиски потпретседатели, поранешни пратеници и министри од СДСМ на  директорски позиции?

Двајца потпретседатели на СДСМ се очекува да заминат на директорски позиции. Коста Петров, кој е  и основач и досегашен извршен директор на Пи Ворлд, македонска креативна агенција, ќе седне во директорската фотеља во Фондот за иновации.

Досегашниот директор, Јован Деспотовски, пак,  заминува на директорската позиција во ТИРЗ. Вториот потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување.

Според нашите извори, поранешниот пратеник од СДСМ, Хари Локвенец заминува во Управниот одбор на Телеком , а поранешниот заменик министер за економија, Кирил Колемишевски, ќе биде директор на АД пошта. За нов директор на Царинската управа веќе подолг период се спомнува досегашниот министер,  Горан Сугарески.

Универзитетскиот професор и поранешен пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема е кандидат за директор на ПИОМ, додека поранешниот министер и пратеник, Дамјан Манчевски се спомнува за позицијата Генерален секретар на владата, што до сега ја извршуваше Драги Рашковски.

Официјалната потврда за овие рокади се очекува идната недела. Премиерот денеска не сакаше да ги потврди шпекулациите, особено за позицијата на Зекири.

Од ДУИ, пак, неофицијално тврдат дека директор на Фондот за здравство ќе биде нивни кадар, Фатон Ахмети. Досегашниот директор на Македонски железници, Фестим Халили, се спомнува за директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Со Македонски железници,најверојатно ќе раководи Фатон Положани. Ејуп Рустеми, досегашниот директор на АД Пошта ќе седне во фотелјата на Зоран Китанов во Агенцијата за државни патишта. Беким Мемети се спомнува за директор на Македонија пат, Лирим Шабани за Агенцијата за лекови „Малмед“, а Бесим Кока за МЕПСО. Дритон Кучи е најверојатниот кадар за Управата за финансиска полиција.

Спротивно од најавите за именување на партиски кадри на директорски позиции, вицепремиерот  Љупчо Николовски, пак, вели дека ќе инсистира, за сите директори да има огласи, конкурси и јавни повици за да не се доаѓа на позиција низ заобиколени начини и процедури, за задоволување на нечии апетити.

Дел од раководителите на институциите ги именува владата, дел се избираат од самите министри, кои ги составуваат своите тимови преку посебни постапки, а за  дел ќе се распишат конкурси, затоа што за нив одлучуваат управните и надзорните одбори.

Планот е,  целата постапка околу изборот на директорите да заврши до 20 октомври.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Дејан Дејан

Долгови, ненаплатени побарувања и задоцнета исплата на плата причина вработените во Водостопанство да излезат на протест

Дејан Дејан

Ресенчани и оваа година нема да можат да ги продадат своите јаболка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе