Македонија Најважни

Заев внимателен во реакцијата до Бугарија, но ја потести и на нејзината одговорност за добрососедство

Македонската влада внимателна, и во реакцијата и во наративот, во одговорот на бугарскиот меморандум на преговарачката рамка на ЕК во кој таа го негира македонскиот идентитет и јазик, но иако внимателна таа повлече на линија – дека за идентитетот не може да се преговара. Премиерот Зоран Заев денеска ја повика Бугарија на пријателство и почитување на Договорот за добрососедство, од кој произлегуваат обврски и за двете страни.

Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности и верувам дека низ пријателски разговори ќе изнајдеме решение. Како што реков, ова е проблем на шестата историска личност за која што треба да разговараме или да кажам на четвртото историско поглавје кое што е пред нас и верувам дека идентитетското прашање мора да биде надвор од  било какви разговори, рече Заев.

Заев, за разлика од шефот на дипломатијата Бујар Османи, потврди дека Владата била информирана од ЕК и од земјите-членки за забелешките од Бугарија на преговарачката рамка, за што смета дека до почетокот на преговорите, кон крајот на годината, и на политичко ниво меѓу двете земји, но и во Комисијата за историски прашања ќе се бара решение по ова прашање.

Но секако да оставиме простор низ разговори, низ внимание, пријателство да најдеме решение за овие чекори како не би се довело во прашање следниот чекор во нашиот процес на интеграција во ЕУ. Важна е историјата, важно е минатото, но низ него треба да изнаоѓаме заеднички нишки на соработка и сум убеден сум дека кога ќе седнам со претседателот на владата на Бугарија, Борисов, по ова прашање ќе најдеме решение, рече Заев.

Заев не смета дека треба Собранието со резолуција или декларација да и одговори на бугарската страна на меморандумот, убеден е дека само позитивен пристап ќе доведе до решение добро и за Макеоднија и за Бугарија.

Јас лично мислам дека Собранието не треба да носи одлуки резолуции и декларации бидејќи следно е нова од бугарскиот парламент, па следна од македонскиот и ова не води кон решение. За кавга е лесно. Може две невнимателни реченици од овде и готово. Не ни треба тоа. Треба да биеме позитивни, смета Заев.

Заев кој денеска беше многу внимателен во вокабуларот коменирајќи го бугарскиот меморандум сепак и порача на Бугарија дека тврдењата и изјави кои содржат навреди не водат кон вистински пријателство и ја потсети дека соработката е двонасочна улица, а оти Договорот за добрососедство бара одговорност од двете страни.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе