Вести Свет Топ вести

Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер

Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата.

Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.

За изборот на Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто така доби поддршка и од мнозинство во Горниот дом.

71-годишникот во јапонската кавност е познат како „фиксаторот на г-дин Абе“, односно човекото кој „одзади“ ги завршува работите. Неодамна на новинарско прашање „дали се смета себеси за добар човек?“, одговори “Јас сум многу добар со оние кои си ја извршуваат работата како што треба“.

Неговиот јавен лик е оној на незапирливиот и навидум шармантен портпарол на владата. Неговиот прекар меѓу јапонските новинари е „железниот човек“, честопати одбива да одговори на прашања што не му се допаѓаат.

Но, Суга не е без политички вештини. Беше шеф на кабинетот на јапонскиот премиер подолго од кој било негов претходник. Има репутација на строг и дисциплиниран човек, кој многу добро ја разбира машинеријата на јапонската огромна бирократија. Но, според аналитичарите, тоа не се доволни способности за добивање на избори. Според познавачите, Суга дојде на власт поради неговите политички способности да ги заплашува противниците, вклучувајќи ги новинарите, и доминирајќи на сцената со договори „на мала врата“, и со добра контрола на бирократите.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе