Вести Најважни Свет

Фон дер Лајен: Западниот Балкан не е етапа на „Патот на свилата“

Западниот Балкан е дел од Европа а не станица на „Патот на свилата“ порача претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен во годишниот говор за состојбата на унијата. Според неа одлуката за отварање на пристапните преговори со уште две земји од регионот е историска.

Довербата е основа на секое силно партнерство и Европа секогаш ќе биде подготвена да гради силни партнерства со најблиските соседи, почнувајќи од Западен Балкан, Одлуката за отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија годинава беше историски чекор. Иднината на целиот регион припаѓа во ЕУ, делиме иста историја и иста судбина, Западниот Балкан е дел од Европа, тие не се етапа на патот на свилата, порача првиот еврокомесар.

Фон Дер Лајен потврди дека во текот на наредните недели Европската Комисија ќе презентира нов пакет за економско закрепнување за целокупниот регион. Според неофицијални информации Европската Комисија ќе одвои околу девет милијарди евра за регионалниот развој на западниот Балкан, пред сѐ во делот на инфраструктурни проекти и поврзување на земјите од регионот меѓу себе.

Покрај иднината на Западниот Балкан, Фон Дер Лајен зборуваше и за носечката политика на нејзиниот мандат „Зелениот договор“ и намалувањето на штетните емисии. 30 проценти од планираните 750 милијарди евра ќе бидат вложени директно во проекти кои произлегуваат од „Зелениот договор“, посочи таа.

Зборувајќи за пандемијата на Ковид-19, претседателката на ЕК изрази подршка за СЗО но и предупреди дека се потребни итни реформи на системот. Таа го осуди пристапот на некои држави кон развојот на вакцината инсистирајќи дека национализмот ги загрозува животите.

За миграцијата Фон Дер Лајен најави нов план кој ќе биде претставен од комисијата и чија цел ќе биде зацврстување на надворешните граници на унијата и концентрирање на запирање на шверцерите и поголема солидарност со најпогодените држави. Миграцијата е предизвик за цела Европа и целата Европа мора да го исполни својот дел, рече Фон Дел Лајен.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе