Македонија Топ вести

Кои се олеснителните околности во пресудата за сообраќајката кај Млечен

Каење и жалење за стореното како пред судот така и во коресподнеција со оштетените, претрпена траума по сообраќајната незгода и тоа што е родител на две деца со високо образование се олеснителните околности кои биле посилни од отежителните кај судијката Елена Илиевска Јосифовиќ при одмерувањето на казната Васил Чорбаџиев за сообраќајкта кај Млечниот ресторан во Скопје во која животот го загуби Гоце Димитриевски а тешко повредена беше неговата сопруга Наташа која покрај сопругот го загуби и плодот.

Телма дојде до пресудата каде во образложението е наведено зошто на Чорбаџиев му е изречена условна наместа затворска казна за сообраќајката во која имаше две жртви.

Како отежителни околности, во половина пасус, е наведен фактот што едно лице го загубило животот а оштетната која покрај тоа што е тепшко повредена имала и спонтан прекин на бременоста и тоа [то се приклучила во кривичен прогон на Чорбаџиев и најавила дека ќе бара оштета.

Листата на олеснителни околности е подолга. Не бил под дејство на алкохол или опијати, не возел над дозволената брзина, неосудуван, со високо образование, татко на две деца, пред пензија, изразил каење пред судот и во писма испратени до семејството и сопругата на починатиот Димитриевски и признал вина.

Поаѓајќи од фактот дека кривичното дело е сторено од небрежност, а водејќи сметка за вкупното дејство на казната и нејзините последици врз личноста на  обвинетиот и потребите за негова ресоцијализација а во склоп на сите погоре елаборирани околности, на обвинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 години и истовремено определи дека вака утврдената казна нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело  во рок од 5 години“

Наташа Димитриевска смета дека Судот воопшто не го земал во обзир кажаното во завршниот збор и процесот на ресоцијализација и рехабилитација низ кој минува таа.

Димитриевска незадоволна од пресудата, но и од работата на јавниот обвинител, веќе поднесе преставки  до Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители од каде засега не се произнесоа за нејзиниот случај.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Башким Бесими е нов заменик претседател на Советот на јавните обвинители, истрагата за неговиот претходник Мемети и врховнот судија Георгиев е на крај

Дејан Дејан

Новата Влада скрои рекорден буџет, планира да потроши речиси 5, 9 милијарди евра, ќе скокне и јавниот долг

Дејан Дејан

Јавните служби и установи, УЈП и извршителите, најголема главоболка за граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе